doma

 

 

За Винаријата

 

 

 

Винарската визба КАРТАЛ е основана како резултат на фамилијарна традиција, почит кон виното и виновата лоза.
Нашата мисија се заснова на одржување на врската меѓу човекот и природата, а нејзините продукти преточени во нектар на боговите.
Лоцирана во главниот град на Македонија, Скопје, со својот мал капацитет од 200.000 литри на годишно ниво, најсовремена опрема за преработка и зреење на виното и грижливо одбраното сортно грозје од скопското виногорје, нашата винарска визба Ви овозможува висок квалитет и уживање во секоја капка вино. Спојот на традицијата и науката е идеална комбинација која нашите енолози ја претвораат во совршенство. Одлично избалансираните вина, сортните карактеристики, овошните тонови и љубовта која им е дадена го заслужуваат вашето внимание.
Секое наше шише во себе не содржи само вино, туку сплотува илјадници, илјадници милувања, промени на расположението и досегање до границите на умот, години на макотрпна работа, одминување на годишните времиња и стрпливо чекање на конечната цел.